Папата: Во центарот на комуникацијата треба да биде човекот, а не популарноста

Вистинската комуникација го гледа реалниот живот, и не ја следи модата ниту предизвикува паника – истакна папата Фрањо на 15 декември, на аудиенцијата во салата Павле VI, во која ги прими вработените од телевизијата ТВ2000, која Папата ја нарече „телевизија на Црквата во Италија, како и вработените од радио станицата ИнБлу. Светиот Отец ги поттикна тие католички медиуми да ги оживеат зборовите, да не се затвораат, туку да се отвораат, и да се обраќаат на луѓето во целост.

Што е потребно за добра информација? Светиот Отец ја искористи аудиенцијата како би истакнал еден вид шема за улогата на комуникаторот. Станува збор за потсетник поделен во три точки, во согласност со свети Игнациевскиот од, на кој веќе папата Фрањо нѐ научи. Неговото размислување се базира пред сѐ на тврдењата дека католичките медиуми имаат преголема мисија за зачувување на социјалната комуникацуја од сето тоа што може да ја промени и да ја усмери кон други цели.

Во комуникацијата е важна искреноста (парезија) – првата точка од потсетникот на Папата. Комуникацијата често е потчинета на пропагандите, на идеологиите, на политичките цели или на контролата на економијата и технологијата – истакна Папата и додаде дека тоа е зло кое треба да биде спротивставено со искреноста, односно со храброста за искрен и слободен говор, за кој беше веќе потсетил на почетокот на Синодата за семејството. Ако сме загрижени за тактичките аспекти, нашиот говор ќе биде засегнат, некомуникативен, без дух, ќе биде говор од лабораторија.

Слободата исто така се однесува на модата, на јавните места, на претходно подготвени формули кои на крајот ја поништуваат способносота за комуницирање. Затоа треба да се оживее зборот. Но, секој збор во себе – според зборовите на Папата – има огнена искра, искра на животот, која треба да се оживее.

Втората точка во потсетникот на Папата е дека треба да се комуницира без затворање. Комуникацијата ги избегнува исполнувањето и затворањето. Се исполнува – примети Папата – кога се сака да се заштити нашата перцепција со претерано користење на слогани, и наместо да ја стимулираат мислата, тие ја поништуваат. Се затвора – додаде Светиот Отец – кога, наместо да се помине подолгиот пат за разбирање, се избира пократкиот пат представена од поединци како да се во состојба да ги решат сите проблеми, или напротив, како жртвено јаре на кое можат да се префрлат сите одговорности.

Да се брза кон решение, не обидувајќи се да се претстави постепеноста на реалниот живот, според зборовите на Папата тоа е честа грешка во комуникацијата која е сѐ побрза и непромислена. Значи, да се отвора, а не да се затвора, е задача на комуникаторот кој ќе биде толку плоден колку повеќе ќе се препушти на делувањето на Светиот Дух, единствениот кој е способен да ги изгради единството и хармонијата – рече Светиот Отец.

‘Да се зборува за целата личност’, тоа е третата задача на комуникаторот – рече папата Фрањо. И тоа – објасни – избегнувајќи ги, како што веќе реков, гревовите на медиумите: дезинформацијата, клеветата и озборувањето. Од тие три гревови, клеветата изгледа најлоша, но во комуникацијата најлоша е дезинформацијата – истакна Папата и објасни – затоа што те води до грешки; те води до тоа да веруваш во само еден дел од вистината.

Вистинската комуникација не се грижи за тоа да ‘предизвика силен впечаток’. Изменувањето на катастрофална паника и на утешно разрешување, тие две крајности кои постојано нѝ се понудени во денешната комуникација, не е добра услуга која медиумите можат да им ја пружат на луѓето. Треба на луѓето да им се обраќа во целост: на нивниот ум и на нивното срце, како би знаеле да гледаат подалеку од непосредното, подалеку од сегашниот момент.

Да се оживее зборот, да се отвора, а не да се затвора, да се обраќа кон луѓето во целост, ја прави конкретна културата на средбата, која денес е многу потребна во контекстот кој сѐ повеќе е популарна – потсети на крајот Светиот Отец и додаде дека со конфликти ништо не се постигнува. Треба да се создава култура на средба. А тоа е убава работа за вас, кој бара од нас да бидеме подготвени не само да даваме, туку и да примаме од другите – рече папата Фрањо.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот