Папата во посета на парохијата Света Марија Сетевиле

Папата во посета на парохијата Света Марија Сетевиле

Папата ја посети блиската парохија Света Марија Сетевиле во Гvидони, каде го посети тешко болниот свештеник дон Џузепе Бернардино.

Светиот Отец на 15 јануари 2017 година околу 15.00 часот од Ватикан се упати кон парохијата Света Марија Сетевиле во Гвидони, каде пристигна околу 15.40 часот. Папата го посети дон Џузепе Бернардино, тешко болен свештеник кој пред својата болест (нешто повеќе од две години) беше многу ревен и rado viđeи сакан свештеник. Во текот на 10 минутната средба, папата Фрањо на дон Џузепе, кој е имобилизиран во кревет и кој не е во состојба да зборува, тивко му упати зборови на утеха, по што му ја подели светата Тајна Елеопомазание на болните.

Потоа следуваше посетата на 30 болни и стари лица, потоа средба со млади кои се подготвуваат за миропомазание, со оние кои неодамна ја примиле, како и со група извидници. Потоа следуваше средба со 45 ново крстени деца (крстени во 2016 година), на чии родители им ја нагласи важноста на семејството. На крајот, Папата се сретна и со соработниците во пасторалот кои му помагаат на парохот, на кои им даде различни совети, задржувајќи се претежно на вредностите на христијанското послание.

Откако ги поздрави свештениците и петмината богослови, папата Фрањо се упати кон сакристијата каде пред евхаристиското славење исповеда неколку луѓе. После тоа, во 17:40 часот Светиот Отец го предводеше литургиското славење, а потоа откако се испрати од бројните парохјани, се упати кон Ватикан.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот