Папата: Во Обединетите Арапски Емирати доживеав отворена и гостољубива култура

Папата: Во Обединетите Арапски Емирати доживеав отворена и гостољубива култура

На враќањето од Обединетите Арапски Емирати, 5 февруари 2019 година папата Фрањо во авионот како што е обичај одржа конференција за седумдесетина новинари, кои го придружуваа на неговото 27. Апостослко патување

Кратката, но историска посета на папата Фрањо нема да остане запаметена само по заедничката декларација за човечкото братство. Папата им кажа на новинарите дека за него омразата и војната се тешки проблеми на денешницата за кои итно треба да се најде одговор. Ако ние, верниците, не сме способни да си подадеме рака, да се бакнеме и да се молиме, нашата вера ќе биде поразена, рече Папата. Заедничкиот документ е настанат во молитва и веќе долго време, дури и малку во тајност, како детето не би се родило порано – рече во шега Папата.

Папата одлучно ги отфрли критиките дека муслиманите го искористиле за свои цели. Ме обвинуваат дека сум дозволил сите да ме инструментализираат, па и од новинарите, рече Папата, но тоа е во природата на работата. Но јас сакам јасно да повторам – од католички поглед документот ниту милиметар не отстапува од Вториот ватикански собор, истакна папата Фрањо.

Исламот кој го сретнав на ова патување е отворен, подготвен за дијалог, додавајќи дека почуствувал повик за мир, иако во регионот се водат повеќе војни – истакна Светиот Отец. Посебен впечаток кај Папата остави средбата со верските старешни, научници од различни земји и култури што укажува и на отворање на таа земја кон одреден регионален, универзален и религиски дијалог. Во Обединетите Арапски Емирати, според зборовите на Светиот Отец – доживеал отворена и гостољубива култура и јасно разбирање дека нафтата нема да трае вечно и дека мора да се најдат нови начини за набавка на вода, истакна папата Фрањо.

На новинарско прашање за Јемен Папата одговори дека два дена се прекратко време за разговори и донесување заклучоци. „Би кажал дека наидов на добра волја за поттик на мировниот процес“ – додаде Папата.

Сигурен сум дека ќе следуваат нови патувања на арапските простори, без разлика дали станува збор за него или за „некој друг Петар“. Тоа што веќе кон крајот на март ќе го посети Мароко, е чиста случајност, рече Папата и додаде дека всушност сакал да учествува на конференцијата на ОН за миграција во Маракеш, но сето тоа било тешко да се поврзе со државна посета, па наместо него на конференцијата присуствува државниот секретар, кардинал Паролин.

На прашање за Венецуела, Папата одговори дека уште не го прочитал писмото на Мадуро во кое бара посредување, но коментира дека секое посредување вклучува подготвеност од двете страни.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот