Папата: Вештачката интелигенција е дар, но е потребна алгор – етика

Светиот Отец испрати порака до учесниците на симпозиумот „Добар алгоритам? Вештачката интелигенција: етика, право, здравство“ кој од 26 до 28 февруари се одржа во Ватикан во организација на Папската академија за живот, во која ја истакнува сложеноста на технолошкиот свет и бара јасни етички рамки.

Во име на папата Фрањо пораката ја прочита надбискупот Винченцо Паглија, иако Папата најпрво планираше лично да им се обрати на учесниците. Но поради помали здравствени проблеми не беше во можност и одлучи да ги откаже сите службени средби предвидени за петок, 28 февруари.

Во пораката Папата истакнува дека во развојот на вештачката интелигенција или т.н. алгор – етика клучено треба да биде служењето за општо добро, а придонес може да даде социјалната наука на Црквата, односно повика во севкупниот технолошки развој да се вклучи и достоинството на човекот, праведноста, субсидијарноста и солидарноста.

Иако новите технологии се Божји дар, тие не се неутрални средства. Поради својата природа создаваат непостојани граници кoи до сега се сметаа за јасни. На пример, анорганските и органските материи, помеѓу реалниот и виртуелниот свет – истакна Папата.

На крајот од симпозиумот, наместо заклучок, учесниците потпишаа „Повик за етика во развојот на вештачката интелигенција“, документ на кои се повикуваат светските институции, организации и влади да го задржат чувството за етичката вредност во развојот на вештачката инелигенција и во своите дигитални иновации, односно креативната работа на технолошкиот напредок и на тој начин би служел за развој на човечката креативност и генијалност, а не еден ден технологијата да стане замена за човекот.

Ватиканњуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот