Папата: Бог може само да љуби- тоа е нашата сигурност

Бог може само да љуби: Тој не осудува. Љубовта е „негова слабост“ и „наша победа“ – рече папата Фрањо на светата Литургија на 29 ноември во домот Света Марта.

Бог може само да љуби: Тој не осудува. Љубовта е „негова слабост“ и „наша победа“ – рече папата Фрањо на светата Литургија на 29 ноември во домот Света Марта. Во првото читање свети Павле објаснува дека христијаните се победници: Ако Бог е со нас, кој е против нас? Изгледа – рече Папата – дека христијаните ја имаат во раце силата на сигурноста на победник. Речиси дека би можеле христијаните на триумфален начин да кажат: „Сега ние сме шампиони!“ Меѓутоа, ние имаме победа затоа што нас „ништо не може да не раздели од љубовта Божја во Христос Исус Господ наш.

Не дека сме победници над нашите непријатели, над гревот. Не – ние толку сме врзани на љубовта Божја што ниту една личност, ниту една моќ, ниту една работа не може да не раздели од љубовта. Павле видел дека се работи за дарот на повторно создавање, за дарот на обнова во Исус Христос. Тој ја видел љубовта Божја, љубовта која не може да се објасни – рече папата Фрањо.

Секој човек може да го одбие дарот, со задоволство да ја избере својата суета, гордост, својот грев. Но, дарот постои. Тоа е дар на Божјата љубов; Бој Кој не може од нас да се оддели. Тоа е – според зборовите на папата Фрањо – Божја немоќ. Ние зборуваме: Бог е моќен, може да направи сè! – освен една работа, а таа е да се оддели од нас. Во Евангелието имаме слика на Исус како плаче над Ерусалим и тоа ни овозможува да сфатиме нешто од таа љубов. Во неговиот плач се наоѓа целата Божја немоќ: неговата невозможност да не нѐ љуби, од нас да се оддели – рече Папата.

Исус плаче над Ерусалим кои ги убива своите пророци, оние кои го навестувале неговото спасение. Бог зборува на Ерусалим и на сите нас: Колку пати сакав да ги соберам децата твои како што квачката ги собира пилињата под крилјата и не сакавте! Свети Павле заради тоа истакнува – смета Папата – дека ниту едно суштество не може да не раздели од Божјата љубов.

Бог не може да не сака – тоа е нашата сигурност. Може таа љубов да се одбие, може да се одбива како добриот разбојник сѐ до крајот на животот. Но и таму го чека Божјата љубов. И најзлобниот, најголемиот хулител Бог го љуби со својата татковска нежност. Во Божјиот плач над Ерусалим во неговите солзи е целата негова љубов: Тој плаче за мене кога се одделувам. Плаче за злосторниците кои прават толку грди работи и нанесуваат големо зло на човештвото. Чека, не осудува и плаче. Зошто? Затоа што љуби – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот