Отец Ломбарди: Папата повикува да не се мисли на завери
На Синодата посветена на семејството, кој е во тек во Ватикан, на 8 октомври, работата се одвиваше во мали групи.
По претпладневната работа, во просториите на Ватиканската прес служба се одржа прес конференција на која учествуваа кардиналот Маникели, надбискупот Палмер Бакл и сирокатоличкиот патријарх Игнациј Јусеф III Јунан, кој упати силен апел до Запад, да не ги заборават христијаните на Блискиот Исток.
Не сме овде за да запреме некого во нешто, туку за да го предложиме она што го чувствуваме за семејството и за доброто на Црквата, истакна монсињор Чарлс Палмер Бакл, надбискуп на Акре, Гана. Во Африка владее поимот проширено семејство, затоа сакаме да видиме како да ги одржиме живи вредностите и радоста на таквите семејства, рече надбискупот, истакнувајќи дека иднината на семејството е послание на Црквата и тоа најмногу на африканскиот континент на кој Католичката Црква расте со голема брзина.
Кардиналот Едуардо Маникели, истакна дека му се чини дека оваа Синода е Синода на народот. Говорејќи за начинот на работа на малите групи, кардиналот истакна дека озрачјето е многу отворено и дека нема персонализми. Напротив, владее желба за запознавање, за да се дадат нови упатства, со кои ќе се покаже љубовта кон семејството, како и загриженоста која Црквата често ја изразува пред појавите кои не би ги сакале, истакна кардиналот Маникели.
Одговарајќи на крајот од прес конференцијата на прашањето на еден новинар во врска со говорот на Папата од 6 октомври, отец Ломбарди рече дека повикот на Папата е очигледно тој дека не треба да мислиме дека има завери. Видувањето кое треба да го имаме во однос на Синодата е она видување во вид на постапка на размена, комуникација, која се одвива во мир и искреност и не треба да се мисли дека Синодата е водена од посебни интереси и обиди за манипулација, или пак, дека не се води од заедничко истражување и во духот во кој црковната заедница треба тоа да го прави, истакна отец Ломбарди.
РВ/В.Н.