Објавени деталите за поклонението на Папата во Асизи

Објавени се деталите за престојната посета на Папата на Асизи по повод 800 години од потполниот опрост од Асизи. Светиот Отец на 4 август ќе се упати на приватно поклонение во родниот град на свeти Фрањо во италијанскиот регион Умбрија.

Според информациите кои ги објавија месните фрањевци, Светиот Отец со хеликоптер ќе пристигне во Асизи во 15.40 часот и ќе се упати во базиликата Света Марија на Ангелите, каде што внатре се наоѓа црквичката Порциункола, местото од каде што потекнува прославата на асишкиот опрост. После приватната молитва, ќе одржи размислување за делот од Евангелието според Матеј во кое Исус говори за опростување на навредите и суровиот должник (Матеј 18, 21-35).

После тоа, Папата ќе се сретне со фрањевските бискупи и поглавари и ќе ги поздрави поклонениците собрани на плоштадот пред базиликата. Во 18.00 часот со автомобил ќе се упати на спортскиот стадион Мигахели, а потоа со хеликоптер ќе се врати во Ватикан. Во текот на краткото патување, ќе се сретне со повеќе месни верски претставници, вклучувајќи го и надбискупот на Асизи-Ночере, монс. Доменик Сорентино, генералниот управител на редот на малите браќа, о. Михаел Антонио Перја и фрањевскиот провинцијален министер во Умбрија, о. Клаудио Дуриџет.

Потсетуваме, потполн опрост на празникот Пресвета Богородица на Ангелите на 2 август може да се добие ако се посети било која фрањевска црква со редовни услови: исповед, причест, молитвата Оче наш и Верувањето и молитва по накана на Светиот Отец. Како и секогаш, опростувањето да биде целосно, личноста не смее да биде приложена на грев, ниту на најлесен. Ако тој услов не е исполнет, опростувањето е само делумно.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот