Објавена е програмата за посетата на Светиот Отец, папата Фрањо во Македонија

Објавена е програмата за посетата на Светиот Отец, папата Фрањо во Македонија

Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан денеска 7 март 2019 година ја објави програмата за посетата на папата Фрањо во Македонија, при што ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза.

Предвидено е на 7 мај наутро Светиот Отец да пристигне во Македонија.

После официјалниот пречек, Неговата Светост, папата Фрањо ќе се сретне со претседателот г-дин Ѓорге Иванов, со премиерот г-дин Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор.

За време на својот престој на земјава Светиот Отец ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.

Во програмата за апостолско патување на папата Фрањо во Македонија предвидено е Светиот Отец да служи света Литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади.

Светиот Отец своето 29 апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај одржувајќи средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, а потоа ќе се врати во Рим.

Претходно Светиот Отец ќе ја посети Република Бугарија и градовите Софија и Раковски.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот