Нова Маала: Духовна подготовка за поклоничкото чествување во Скопје по повод Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“

Во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала од 5 – 10 септември 2016 година, во склоп на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ верниците од парохијатапреку света исповед, света причест и духовни наговори духовно се подготвуваат за поклоничкото чествување и свечената архиерејска Литургија на плоштадот Македонија на 11 септември во Скопје, предводена од папскиот делегат, кардиналот Винко Пулиќ во заедништво со Скопскиот бискуп и Македонски егзарх д-р Киро Стојанов по повод канонизацијата на света Мајка Тереза.

Голем број верници, особено оние кои ќе присуствуваат на светата Литургија во Скопје на 11 септември, веќе на во понеделник 5 септември со света Литургија предводена од парохот о. Спасо Ристов ги чествуваат „Деновите на света Мајка Тереза“, додека капеланот о. Ванчо Назов им стоеше на располагање за света исповед.

Секој ден со почеток во 18.30 часот со наизменична програма на света Литургија, Молебен до Пресвета Богородица и света Бројаница, во чест на света Мајка Тереза, која ќе трае до 10 септември верниците имаат можност да се запознаат со животот, делата и активностите на света Мајка Тереза, особено преку духовните наговори на парохот, кои како тема се „љубовта која надминува сѐ“.

За сите верници кои сакаат приватно да се помолат до света Мајка Тереза можат да го сторат тоа во текот на денот.

к.мк/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот