Не е време за запирање на Јубилејот на милосрдието

Ова не е време за запирање на Годината на милосрдието или време за страв – рече о. Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, во соппштението по повод терористичкиот напад во Париз во кој се убиени повеќе од 120, а ранети повеќе од 200 луѓе. Во соопштението истакна дека пораката за Светата година на милосрдието го протерува стравот.

Во овие жалосни денови, во кои се манифестира убиства и насилства, многумина се прашуваат како да да одговорат на тоа. Некои веќе се прашуваат како да ги живеат овие последни денови во пресрет на Јубелијот на милосрдието – забележа о. Ломбарди, предупредувајќи на тоа дека терористите „обземени со безумно насилство“, сакаат да шират страв. Ако дозволиме да нé застрашат, тогаш тие веќе ја оствариле својата прва цел. Затоа, тоа е уште една причина за да го надмине одлучно и храбро искушението на стравот – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Секако треба да бидеме внимателни, а не неодговорни: треба да преземеме разумни мерки. Но мораме да продолжиме да живееме градејќи мир и меѓусебна доверба. Затоа Јубелејот на милосрдието е многу потребно. Пораката дека Божјата љубов ги предводи љубовта кон ближните и помирувањето, е нашиот одговор во време кога не смееме да паднеме во искушението на недоверба.

Свети Иван Павле II рече дека пораката на милосрдието била Божји одговор на тешкото и мрачно време во Втората светска војна, во која тоталитарните режими извршиле масовни убиства и се проширувала омраза меѓу народите и луѓето – продложи о. Ломбарди. Денес кога папа Фрањо зборува за Трета светска војна која се води во делови, потребна е порака на милосрдие која ќе нé оспособи да бидеме градители на мостови и пред сé да бидеме способни да сакаме.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот