Неокатекуменски пат: Кико и Кармен „почесни доктори“

Католичкиот универзитет на Америка (Catholic University of America) гиудостои Кико Аргуељо и Кармен Хернандес, основачи и водачи на црковното движење Неокатекуменски пат со титулата „почесни доктори“ по теологија.

Се наведува дека тие се разликуваат по „посветеноста кон сиромашните, помагајќи на многу од нив да го прифатат заедништвото со Христос и Католичката вера“.

Вредноста на признанието е голема, бидејќи Католичкиот универзитет на Америка е единствениот Папски универзитет во САД, тесно поврзан со епископската конференција на Католичката црква во земјата и со Светиот Престол.  Титулите „почесен доктор“, предложени од пред неколку години, се одобрени од папата Фрањо за време на средбата со Неокатекуменското движење на 6 март во Ватикан. Тогаш папата Фрањо истакна дека станува збор за „вистински дар на Провидноста за современата Црква“.

Ова е трета титула „почесен доктор“ по теологија за Кико Аргуељо по веќе добиените од Институтот Иван Павле II во Рим во 2009 и од Лублинскиот универзитет во Полска во 2013 година.

Моментално движењето Неокатекуменски пат е дел од 82 епархии и 350 парохии во САД со околу 1.000 заедници. Семинариите на движењето се присутни во 8 американски епархии во кои има 250 семинаристи. До овој момент има 180 свештеници образувани во овие семинарии.

Денес движењето Неокатекуменски пат е распространето во целиот свет, а бројот на неговите членови надминува милион и половина во 125 земји, вклучувајќи ја и Македонија.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот