На Водно се молеше традиционалниот Крстен Пат

На Водно се молеше традиционалниот Крстен Пат

Во сабота 23 март 2024 годиина, во пресрет на празникот Цветници, според грегоријанскиот календар, се одржа традиционалниот Крстен пат на Водно во организација на катедралната парохија Пресвето Срце Исусово – Скопје. Побожноста ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов во заедништво со катедралниот капелан Томислав Рукавина, сестри Евхаристинки, сестри на Мајка Тереза, претставници на црковните движења и верници.

На 6 километарската патека од Средно Водно до Јубилејниот крст верниците наизменично го носеа дрвениот крст, читајќи текстови од побожноста Крстен Пат, молеа Света Бројаница и пееја пригодни песни.

На врвот на Водно под Јубилејниот крст, бискупот Стојанов ја измоли завршната молитва, изразувајќи благодарност на организаторите и присутните верници за реализирањето на оваа побожност.

Посебен беше призорот на случајните минувачи, кои искажуваа почит на молитвите за Страдањата Христови, а некои од нив се и приклучија на молитвата.

Крстниот пат на Водно се моли традиционално секоја година од 2014 година.

к.мк

Повеќе фотографии на FB

Категорија: Вести, Македонија

За авторот