Секретарот за односи со државите и меѓународните организации на Ватикан, на презентацијата на книгата на геополитичкото списание „Лајмс“ со наслов „Украински лекции“, истакна дека толкувањето на зборовите и јавните гестови на папата Фрњо со „дела на празен пацифизам“ не соодветствува на ставот на Светиот Отец кој не сака да се помири со војната и цврсто верува во мир, повикувајќи ги сите да бидат креативни и храбри ткајачи и миротворци.
Говорејќи на презентацијата на том број 5/2023 на геополитичкото списание Лајмс, со наслов Украински лекции, надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации на Светиот Престол, сакаше да ја разјасни позицијата на Светиот Отец во однос на војната во Украина, како и толкувањето што го дава со неговите зборови и гестови.
Имено – рече тој – неспорно е, и е коректно да се признае, дека „реакцијата на Украинците на изјавите на папата Фрањо одразува длабоко разочарување“ (стр. 86). Тоа го покажаа и украинските власти и разни верски претставници на Црквата и локалните црковни заедници. Зборовите и јавните гестови на Папата се факти, а нивното толкување со право може да биде слободно и дискреционо – рече надбискупот и додаде: Сепак, нивното толкување како „дела на празен пацифизам“ не е коректно според визијата и намерите на Светиот Отец, кој не сака да се помири со војната и цврсто верува во мир, повикувајќи ги сите да бидат креативни и храбри ткајачи и миротворци.
Навистина – објасни тој – она што го придвижува Светиот Отец не е ништо друго освен волјата да се овозможи дијалог и мир, вдахновен од принципот дека Црквата не треба да го користи јазикот на политиката, туку Исусовиот јазик. Поради оваа причина, неправедно е да се дефинираат обидите на Ватикан како бескорисни, но и штетни, или пак да се наречат бласфемија „ватиканскиот антиамериканизам, сличен на оној на одредена италијанска левица“ (стр. 87). Се разбира, намерата на Светиот Престол не е да замижува во однос на систематските воени злосторства на руската армија и власти и да ја поистоветува земјата агресор со нападнатата, бидејќи самиот Папа јасно кажа дека разликува кој е агресор, а кој е нападнат, со неспорна сигурност дека целиот свет добро знае кој е едниот, а кој другиот. Од друга страна, токму во фактите и во сите хуманитарни иницијативи и гестови направени во корист на украинското население, Папата е јасен, конкретно покажа кој е агресор, а кој жртва – истакна надбискупот Галагер.
Навистина – продолжи тој – мораме да признаеме дека гестовите и зборовите на Светиот Отец не се израз на обична „реторика на мирот“, туку на силно и храбро „пророштво за мирот“, кое ја оспорува реалноста на војната и нејзината наводна неизбежност. Меѓутоа, ова пророштво, наместо да биде прифатено и поддржано, за полесно да се реализира, се отфрла и се осудува, во дух кој на тој начин се покажува не помалку пристрасен од она што му се припишува на Светиот Престол.
Освен тоа, надбискупот Галагер, изрази и чудење од начинот на кој се зборува за дипломатското присуство на терен. Иако со право се изразува голема почит и благодарност до амбасадите кои, соочени со рускиот марш кон Киев, не ја напуштија земјата, туку се преселија во Лавов, фактот што воопшто не се спомнува, Апостолскиот нунциј соочен со истата опасност дека остана во главниот град на Украина, поткрепен со почит и јавна благодарност на папата Фрањо. Оваа одлука на папскиот претставник јасно покажува дека желбата на Светиот Престол не е да „игра улога“ (стр. 253) во трагичната руска војна во Украина, туку да покаже конкретна христијанска близина со маченичкото население и да се потроши за мир.
Во оваа смисла, вреди да се спомене и вклученоста на локалната Католичка црква, како од латинскиот така и од источниот обред, како и на разни католички каритативни организации, пред се во хуманитарната област, не заборавајќи ги бројните мисии во Украина на кардиналот Конрад Крајевски, милостинар на Неговата Светост. Сето ова несомнено може да се смета за еден вид „прегратка на милосрдието“ со која Светиот Отец го прегрна украинскиот народ, не оставајќи го сам во страдањата и трагедијата што ги доживува – рече надбискупот Галагер и напомена: Затоа, соодветно е да се стави во преден план должноста што сите ја имаме кон вистината која е прва жртва на секоја војна и, пред сè, кон заедничката одговорност за промовирање на се што може да помогне во позитивниот пресврт на актуелната трагедија.
Денес постојат одредени ставови кои треба да се променат за да се промовира мирот – истакна надбискупот Галагер. „Прво, спротивно на трендот што моментално се забележува на глобално ниво, промената се однесува на „логиката на војната“ која, за жал, сè уште доминира, како во однос на исходот од конфликтот, така и во оправдувањето на потребната одбрана. Накратко, не може да надвладее идејата дека ништо не може да се направи, дека нема простор за зборови, за креативен дијалог и дипломатија, дека е неопходно да се помири со неизбежното и да се прифати продолжување на жестоките борби кои шират смрт и уништување. Потребни се мали промени кои овозможуваат да се надминат некои обрасци и да се отвори умот и срцето кон другиот. Затоа, тенденцијата за оправдување на недовербата кон другиот треба да се надмине со уште поголема посветеност на градење меѓусебна доверба. Во оваа смисла, зајакнувањето на веќе постоечките хуманитарни иницијативи навистина може да помогнат, како онаа за размена на воени заробеници или извоз на жито, како и оние за враќањето на децата во татковината, за што се обидува кардиналот Матео Зупи по двојната мисија на која беше во Киев и во Москва. Оваа војна треба да се прекине што е можно поскоро – рече на крајот надбискупот Галагер.
Ватикан њуз/к.мк