Многудетни семејства од цела Европа на средба со Папата

Од 26 до 28 декември во Рим се одбележуваат десет години од формирањето на Националната асоцијација на многудетни семејства, при што претстои и изборот на нов национален совет. Здружението има намера да започне еден политички предлог под наслов: „Земја, скроена по мерка на семејствата“, со цел да се олесни пристапот до пазарот на трудот на татковците на многудетните семејства, да се обезбеди помош на мајките кои сакаат да имаат деца и да се надминат неправедните тарифи на услугите.

Пристигнатите семејства во Рим ќе имаат можност да учествуваат на средба со папата Фрањо на 28 декември, празникот на Светото Семејство. Аудиенцијата ќе се одржи во салата „Нерви“ во Ватикан, пред неделната молитва Ангел Господов. На празникот ќе учествуваат многудетни семејства од цела Европа.

„Пред десет години, папата Бенедикт го даде нашето мото:„Повеќе деца, поголемо иднина“, потсетува претседателската двојка на здружението – Џузепе и Рафаела Бутурини, додавајќи:„Сега ќе се сретнеме со папата Фрањо: на денот посветен на Светото семејство, во годината на вонредната Синодапосветена на семејството (…). Ќе го потсетиме Светиот Отец на илјадниците тешкотии, но исто така и на убавините кои секојдневно ги споделуваат членовите на многубројните семејства“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот