Надбискупот Ауза во ООН: Само правото може да загарантира мир

Надбискупот Ауза во ООН: Само правото може да загарантира мир

Зборувајќи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, надбискупот Ауза ја истакна важноста на правната држава за да им се загарантира пристап до праведноста на најслабите.

Одговорноста за направените големи неправди и кршењето на човековите права и потребното повторно воспоставување на правдата не можат да се занемарат или да се жртвуваат во име на минливата и нестабилната псевдостабилност. Мирот може да биде одржлив само ако оди во чекор со праведноста – со тие зборови надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации се обрати во Советот за безбедност на Обединетите нации, во расправата за промовирањето и зајакнувањето на правната држава во одржувањето на мирот и сигурноста.

Не на етиката на стравот и уништувањето

Потсетувајќи на говорот на папата Фрањо кој го одржа на Генералното собрание во 2015 година, надбискупот Ауза изрази задоволство за ангажирањето на Советот за безбедност и на земјите членки на Обединетите нации во поддршката на меѓународното право. Тоа е единствениот пат со чија помош можат да се избегнат бројни конфликти, но и меѓународни односи кои се темелат на етиката на стравот и уништувањето, кои би можеле да доведат до меѓусебно уништување и до уништување на целото човештво.

Улогата на меѓународните судови

Неказнувањето не може да се толерира во случај на геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, како и во случај на кршење на меѓународното хуманитарно право – предупреди надбискупот и ја истакна улогата на националните и меѓународните судови во кои тие злосторства на соодветен начин се истражуваат и санкционираат.

Да се гарантира праведноста на најслабите

Приоритет треба да биде гарантирањето на пристапот до праведноста на оние кои најмногу страдаат во конфликтите, а тоа посебно се жените, децата и жртвите на верските и етничките прогони, чии гласови веројатно нема да се слушнат во мировните преговори и во повоените процеси – истакна надбискупот Ауза.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот