Папа се сретна со сестрите Клариси

Папа се сретна со сестрите Клариси

На 26 април 2021 година папата Фрањо ги прими сестрите Клариси од Паганица, недалеку од Аквила, чиј манастир беше силно погоден од земјотресот во 2009 година и ги охрабри да продолжат да бидат молитвено и утешно присуство за поддршка на сите што сè уште ги носат раните од тој страшен земјотрес.

Во земјотресот животот го загуби главната сестра на манастирот с. Ема Антонучи, други сестри беа повредени, а манастирот на сиромашните сестри на Света Клара претрпе големи штети.

Папата им се заблагодари на сестрите Клариси за поддршката што му ја даваат преку молитвата, а посебно се заблагодари за велигденската свеќа која ја подарија за капелата во Домот Света Марта, која самите ја украсија. Преку тој симбол на Христос, светлината на светот, вие сте духовно присутни на славењата што се одржуваат во таа капела, додаде Папата. Споменувајќи го трагичниот земјотрес во 2009 година, Светиот Отец истакна дека излегле од тој драматичен настан зајакнати. Доживеавте голема болка, но и нежна грижа од Небесниот Отец и солидарност на многу луѓе.

Во таа страшна ноќ изгубивте сè освен Бог и братството, истакна папата Фрањо, напоменувајќи дека тоа се упоришта од кои сестрите храбро тргнале напред, наоѓајќи привремено сместување. Десет години по земјотресот се вратија во обновениот манастир. Големо е задоволството што нивната заедница сега има 12 млади сестри, при што Папата им се заблагодари за нивната порака која ја испратија до луѓето: дека во трагедиите треба да започнеме повторно со Бог и братска солидарност.

Драги сестри, да не се изморите да бидете молитвено и утешно присуство за поддршка на луѓето, кои многу се искушувани од страшното искуство, на кои сè уште им треба утеха и охрабрување. Папата посака сестрите Клариси по примерот на блажена Антонија, основателка на нивниот манастир, да им помогне секогаш да бидат, од љубов кон сиромашниот Христос, сиромашни и радосни жени. Верни на харизмата примена од сета Клара и свети Фрањо одговорете великодушно на желбата што Бог ја поставил во вашето срце, живеејќи живот на посветени луѓе со целосно придржување кон Евангелието, забележа папата Фрањо.

На крајот, тој молеше за нив светлина и сила на Светиот Дух и им даде апостолски благослов, барајќи од нив да продолжат да се молат за него и за целата Црква.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот