Молитва за духовни звања во капелата на сестрите Евхаристинки во Нова Маала

Во четврток 19 февруари 2015 во капелата на сестрите Евхаристинки во Нова Маала се молеше Света Бројаница, по што следуваше благослов со светото Причастие и Литанија кон прескапоцената крв Христова, за што повеќе срца да се одлучат за Богоспосветениот живот.

По препорака на нашиот Владика, Н.В.П. д-р. Киро Стојанов отпочна оваа молитвена активност со цел младите и останатите верници што повеќе да се запознаат со духовните установи како што се монашките заедници во парохиите.

Во оваа година, која е продолжување на Година посветена на семејството, а воедно и Година на Богоспосветените лица, покрај другите духовни активности што ќе се преземат во парохијата и филијалата, секој четврток во манастирот на сестрите Евхаристинки во Нова Маала ќе се моли и за духовни звања. Дојдете и придружете се на оваа благородна накана.

к.мк/о.С.Р.

Категорија: Македонија

За авторот