Молитвата на Папата против тероризмот

Папата Фрањо на 30 јули 2016 година ја посети црквата Свети Фрањо во Краков за да ги чествува моштите на двајцата полски светци: Жвигњев Стралковски и Михаел Томашек. Во текот на посетата на црквата кажа и посебна молитва за заштита од тероризмот.

Папата Фрањо на 30 јули 2016 година ја посети црквата Свети Фрањо во Краков за да ги чествува моштите на двајцата полски светци: Жвигњев Стралковски и Михаел Томашек кои ги убиле припадниците на воената група на Сендеро Луминозо во Перу 1991 година, а се прогласени за блажени во 2015 година. Беа присутни многу роднини на полските маченици како и фрањевските поглавари. Во текот на посетата на црквата, Папата ја кажа следната молитва:

Семоќен, милосрден Боже, Господаре на вселената и историјата. Сè што си создал е добро и твоето сочувство за пропустите на човештвото не познава граници. Денес доаѓаме кај тебе за да Те молиме во мир да го чуваш светот и неговите жители, да го повлечеш од него уништувачкиот бран на тероризмот, да го вратиш пријателството и да го влееш во срцата на своите созданија дарот на доверба и подготвеност за простување. О, дарителе на животот те молиме и за оние кои пострадаат како жртви на суровите терористички напади. Подари им вечна награда. Нека бидат застапници за светот поделен од конфликтите и неосгласувањата.

О, Исусе, Кнез на мирот те молиме и за оние кои се ранети од овие дела на нечовечко насилство: децата и младите; утеши ги со својата сила и воедно одалечи од нив секаква омраза и желба за освета.

Душе Свети Утешителе посети ги семејствата на жртвите на тероризмот, семејствата кои без сопствена вина поднесуваат страдање. Прегрни ги со плаштот на своето божествено милосрдие. Помогни им во Тебе и во себе самите повторно да пронајдат сила и смелост за братски и сестрински однос кон другите посебно мигрантите, сведочејќи ја така твојата љубов со своите животи

Допри ги срцата на терористите за да го препознаат злото на своите дела и да се вратат на патот на мирот, добрината и почитта кон животот и достоинството на секое човечко битие, без разлика на верата, потеклото, богатството или сиромаштвото.

О, Боже Вечен Оче преку своето милосрдие слушни ги нашите молитви кои ти ги пренесуваме и покрај оваа заглушувачка врева и очајот во светот. Се свртуваме кон тебе со голема надеж преполни со доверба во твојата безгранична милост. Зацврстени со примерите на блажените маченици од Перу Жвигњев и Михаел кои го дале своето храбро сведоштво за Евангелието сѐ до принесувањето на сопствената крв се доверуваме на заговорот на Твојата Пресвета Мајка. Молиме за дарот на мир и избавување од раните на тероризмот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот