Молитвата „Верувам“ од Хорхе Марија Бергољо
Дека Папата Фрањо го буди вниманието на многумина, тоа е очигледно од неговиот избор за Папа. Дека изненадува многумина од ден во ден со своите потези, доказ е дека со задоволство се впуштаме во вообичаеност. Но дека Папата е знак за ова време, тоа мора да го признаат и оние кои со Црквата немаат никакви врска. Некои веднаш се впуштија да пишуваат за неговиот живототпис, па така излегоа веќе на повеќе. На италијански неговиот животопис го напишаа Серхио Рубин и Франческа Амброџети складно со нивните познавања на Папата уште како архиепископ во Буенос Аирес. Сериозноста и скромноста се карктеристики со кои овие двајца го означуваат Папата. Од тоа гледиште се и појасни Потези на Папата во новата служба. Тоа што го празви близок и отворен кон луѓето, тоа ни денес не може да му се оспори. Но од книгите на споменатите новинари денес ќе пренесеме еден извадок. Станува збор за Верување кое Хорхе Марио Бергољо го напишал во пресрет на свештеничкото ракополагање во 1969 година и кое ја отсликува неговата духовност. Еве го тоа Верување:
Сакам да верувам во Бог Отецот, кој ме љуби како син, и во Исус, Господ, кој го внесе својот Дух во мојот живот за да можам да се насмеам и таков да ме носи кон царството на вечниот живот.
Верувам во својата историја, која почна од погледот со љубов Божја и тој пролетен ден, 21 септември, ме понесе да го сретнам и да ме повика да го следам.
Верувам во својата болка, неплодна заради себичноста во која се наклонувам. Верувам во јадовите на својата душа која очекува да проголта, да не даде….
Верувам дека другите се добри и дека тие треба да се сакаат и дека не треба да ги издадеме заради некоја своја сигурност.
Верувам во верскиот живот. Верувам дека сакам многу да љубам. Верувам во секојдневно, тешко умирање, кое го избегнувам, но тоа ми се насмевнува и ме повикува да го прифатам.
Верувам во Божјата стрпливост која прифаќа и добра е како летна ноќ.
Верувам дека татко ми е на небото заедно со Господ. Верувам дека и патер Дуарте исто така таму и се моли за моето свештенство. (Тоа е свештеник кои го испповедал на 21 септември)
Верувам во Марија, мојата мајка која ме љуби и која нема да ме остави сам. Очекувам изненадување секој ден кога се остварува љубовта, сила, издавање и грев што ќе ме следи сѐ до конечната средба со она прекрасно лице за кое не знам какво е и кое постојано избегнува, но кое сакам да го запознаам и љубам. Амин.