Митрополитот Иларион: Средбата меѓу Папата и Рускиот Патријарх е патоказ за заеднички активности

„Многу беше кажано за оваа прва и несекојдневна историска средба. Но најважна е содржината на средбата“.

Ова го истакна Волоколамскиот митрополит Иларион, одговорен за одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија, во интервју за „Interfax-Religion“ по повод средбата во Хавана меѓу папата Фрањо и рускиот патријарх Кирил.

„Секако, многу е убаво да се види како Папата и Патријархот разговараат во братска атмосфера, но уште поважно е содржината на средбата, што се одразува во заедничката Декларација потпишана од двајцата. Сметам дека овој документ ќе остане за подолго време како светилник, кој ќе ги ориентира двете христијански традиции, католичката и православната. Декларацијата содржи важни зборови за Евангелието, како заедничка база за верниците од Исток и Запад и како да се стават во пракса евангелските заповеди во условите на современиот живот. Сметам дека Декларацијата е патоказ за заеднички активности“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот