Мајка Тереза за конкретната љубов

За време на едно интервју со двајца јапонски новинари им кажаа на Мајка Тереза дека многу нивни сонародници избегнуваат да побарат помош во нејзината куќа, бидејќи станува збор за христијанска институција.

„Има крст, а за многумина во Јапонија крстот е најголемата пречка. Крстот ги потсетува дека не се христијани и поради тоа одбиваат да побараат помош“, рече еден од нив.

Мајка Тереза набрзо ги отфрли нивните сомнежи.

„Во Калкута нашата куќа, каде луѓето умираат достоинствено, се наоѓа покрај еден хиндуистички храм на божицата Кали, еден од најпознатите храмови. Знаат дека сме христијани. Им помагаме да умрат помирени со совјот Бог, кога ќе умре хиндуист, ги повикуваме хиндуистите да дојдат по телото, кога ќе умре муслиман, по телото доаѓаат муслимани, кога ќе умре будист, доаѓаат будисти, кога ќе умре христијанин телото го згрижуваат христијани. Од ништо не се плашиме. Служејќи во институцијата на тоа место мораме да им сведочиме на луѓето кои страдаат дека Бог ги љуби.

Нашата конкретна љубов кон Бог е служење на сиромашните. Вашата конкретна љубов кон Бог е во тоа да пишувате добро, и тоа се гледа кога пишувате вистинито, кога ширите добрина и кога говорите за убавото“.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот