Македонски Каритас покрена акција за собирање на средства за настраданите во разорниот земјотресот кој ја погоди Хрватска, со епицентар во Петриње, во кој има човечки жртви, повредени и големи материјални штети. Голем број луѓе се без своите домови и основните животни потреби.
Македонски Каритас ги повикува сите граѓани и компании да се вклучат во оваа акција, како би ја изразиле нашата солидарност, конкретна помош и заедништво со луѓето погодени од оваа тешка ситуација.
Паричните прилози можат да се уплатат на следната денарската сметка:
Фондација Македонски Каритас Скопје
Жиро сметка: 300000004360186, Комерцијална банка АД Скопје,
Со назнака: Донација за настраданите во земјотресот во Хрватска.
Собраните парични средства ќе бидат проследени на Хрватскиот Каритас за ублажување на последиците од земјотресот и помош на настраданите.
ДА ПОМОГНЕМЕ!