Македонски Каритас во Шуто Оризари подели божиќни пакетчиња
Во рамките на своите божиќни активности Македонски Каритас на 30 декември 2014 година делеше божиќни пакетчиња на деца кои се дел од едукативниот проект на Македонски Каритас во скопската населба Шуто Оризари.
Исто така во изминатите денови Македонски Каритас по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ организираше собирање на храна и прехранбени артикли. Храната која се собираше беше наменета за сиромашни семејства од најзагрозената категорија на граѓани, без оглед на нивната национална или верска припадност. Во акцијата се вклучија голем број на фирми и поединци кои великодушно донираа. Оваа акција полека преминува во традиција, бидејќи за секој Божиќ и Велигден Македонски Каритас организира ваков тип на акции. Голема благодарност до сите фирми и поединци кои се одѕваа и беа дел од хуманитарната акција, нека Господ Бог богато ги награди за нивната великодушност.
к.мк/С.С.