Лихварството го уништува семејството
На Генералната аудиенција на 29 јануари папата Фрањо го осуди лихварството. Во својот поздрав на италијански јазик на крајот од аудиенцијата ги повика институциите посилно да се заземат за жртвите од лихварството, кое го нарече „драматична општествена рана“. „Кога семејството нема пари за храна, бидејќи мора да враќа заем со лихварски камати, тогаш тоа не е човечки, тоа не е христијански. Таа драматична општествена рана го ранува неповрдливото достоинство на човечката личност“, рече папата Фрањо за време на денешната Генерална аудиенција на која зборуваше за светата Тајна миропомазание. Поздравувајќи ги работниците од Кастелфиорентина изрази желба „меродавните тела да преземат сѐ што е во нивна моќ, работата која е извор на достоинството, да биде во центар на вниманието. Нека не недостасува работа. Таа е извор на достоинство, истакна Папата.
РВ/го*ко