Кражбата на доверливи документи нема да ја запре реформата
Кражбата на доверливи документи е злосторство. Ова го истакна Папата на молитвата Ангел Господов
По молитвата Ангел Господов во недела 8 ноември 2015 година Папата рече дека многу луѓе се вознемирени по неодамнешните вести за објавувањето на доверливите документи на Светиот Престол. Заради тоа – кажа на собраните верници – сакам пред сè да кажам дека кражбата на тие документи – е злостроство. Тоа е подол чин кој не помага. Јас побарав тоа да се испита и тие документи на мене и на моите соработници веќе добро ни се познати и веќе се преземени мерки кои започнаа да даваат резултати – од кои некои се видливи.
Заради тоа – продолжи Светиот Отец – сакам да ве уверам дека тоа жалосно дело сигурно нема да ја одврати работата на реформата која ја спроведувам со своите соработници и со поддршката на сите вас и на целата Црква. Бидејќи Црквата се обновува со молитвата и секојдневната светост на сите крстени. Ви благодарам и ве молам да продолжите да молите за Папата и Црквата и не дозволувајте да ве вознемири, туку истрајте со доверба и надеж.
РВ/к.мк