Конкурс на цртежи по повод посетата на папата Фрањо на Македонија

Конкурс на цртежи по повод посетата на папата Фрањо на Македонија

По повод посетата на папата Фрањо на Македонија Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје распиша конкурс на цртежи за деца од 5 до 14 години на тема:

  • Папата Фрањо и мирот – сите можеме да бидиме миротворци
  • Папата Фрањо и сиромашните – солидарноста кон маргинализирани луѓе: болни лица, лица со посебни потреби.
  • Папата Фрањо и децата

Oд пристигнатите цртежи ќе се направи брошура која ќе му биде поклонета на Папата.

Цртежите треба да бидат изработени во А4 формат, а секој учесник може да ја избера техниката.

Покрај можноста да учествуваат со цртежи децата може да напишат и писмо, поезија или проза на гореспоменатите теми.

Делата треба да бидат потпишани на позадината од листот, да е наведат годините на учесникот и да се достават лично на следната адреса:

Катедрална црква „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, ул. Петар Попaрсов 47, 1000 Скопје /за „Конкурс на цртежи“/.

Конкурсот е отворен до 18 април 2019 година.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот