Апостолскиот нунциј и епископот Стојанов се сретнаа со Иванов

Апостолскиот нунциј и епископот Стојанов се сретнаа со Иванов

Апостолскиот нуцниј во Македонија, надбискупот Анслемо Гвидо Пекорари заедно со Скопскиот епископ и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов на 16 јануари 2020 година во епископската резиденција во Скопје се сретнаа со поранешниот претседател на Македонија, господин Ѓорге Иванов

На самиот почеток од средбата нунциот во име на Светиот Отец, папата Фрањо му искажа благодарност за убавото гостопримство за време на Апостолската посета на Македонија и истакна дека папата Фрањо многу бил трогнат од силните зборови кои тогаш ги кажа претседателот Иванов за кои папата Фрањо е многу благодарен и преку нунциот ги упатува своите поздрави.

Соговорниците се осврнаа на историскиот настан, доаѓањето на папата Фрањо во Македонија како и на посеаните зборови на охрабрување и надеж, кои ги упати Папата, а кои се голем придонес за единството и соживотот. „Самите сте сведоци како народот го пречека Папата. Тоа беше настан кој нè обедини и имавме потреба од таков настан и сме многу благодарни што за прв во историјата можевме да ја доживееме оваа посета на Папата. Како што Македонецот го повика свети Павле, така и јас му кажав на Светиот Отец, дојдете во Македонија и помогнете ни. Тоа беше вистинска порака, која има голема симболика“ – рече Иванов.

На крајот соговорниците разменија дарови, а апостолскиот нунциј Пекорари на Иванов му подари монографија од Апостолската посета во Бугарија и Македонија, а во издание на Апостолската нунцијатура.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот