Кои можат да бидат последиците од озборувањето?

Тоа ги уништвува односите. Во Светото Писмо пишува: „Не примај лажни изјави; не мешај се со неправедни, за да сведочиш криво.“ (2 Мојсеева 23,1)

Озборувањето е штетно и трајно како телесна рана. Во Светото Писмо пишува: „Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој што сведочи лажно против ближниот свој.“ (Изреки 25,18)

Озборувањето го упропастува корисното време. Во Светото Писмо пишува: „Но слушаме оти некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи; на таквите им заповедуваме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат мирно и да го јадат својот леб.“ (2Солунјани 3, 11-12)

Озборувањето може да го упропасти пријателството. Во Светото Писмо пишува: „Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува.“ (Изреки 16,28)

Озборувањето се темели на гласини. Во Светото Писмо пишува: „Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната.“ (Изреки 11,13)

Д.И.

Категорија: Размислување, Свет

За авторот