Катедралата во Струмица слави 90 годишен јубилеј

Во недела 15 ноември 2015 година со почеток во 10.30 часот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија ќе служи света архиерејска Литургија во катедраланата црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица по повод 90 годишниот јубилеј од постоењето на црквата. На светата Литургија се очекува и присуството на Апостолскиот нунциј за Република Македонија, надбискупот Анселмо Гвидо Пекорари.

Програмата за прославата на јубилејот започнува со духовна обнова од среда 11 ноември до петок 13 ноември, со почеток во 17.00 часот. Во сабота 14 ноември 2015 година после Вечерната богослужба која е со почеток во 17.00 часот следува академија. Светата архиерејска Литургија е во недела 15 ноември 2015 година со почеток во 10.30 часот.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот