Каритас Европа ја повика ЕУ на одговорност во борбата против сиромаштијата
Брисел, 31.5.2013 /к.мк/ – Каритас Европа ги повика земјите „да ја преземат својата одговорност во борбата против сиромаштијата и маргинализацијата та во еден свет што се менува“. Апелот беше упатен од 49-те директори на Каритас мрежата за време на собранието одржано во Брисел на 23 и 24 мај по повод состанокот на ЕУ. Во него се нагласува потребата да се приспособат тешките последици од економската криза и зголемената социјална нееднаквост. Каритас Европа забележува дека во преостанатите две години до крајот на програмата на ОН „Цели за развој на милениумот“, основана од Светската организација во 2000, ќе бидат потребни нови приоритети, како прво искоренувањето на сиромаштијата и маргинализацијата на милионите луѓе. Со оваа цел на последното собрание Каритас Европа усвои резолуција во која се нагласува дека „гладот и неисхранетоста се најтешка и конкретен доказ на сиромаштијата“. Затоа Каритас мрежата инсистира „ЕУ да се мобилизира и гарантира програма за исхрана за следните неколку години, за да се реализира слоганот свет без сиромаштија во реалност“. Апелот на Каритас Европа завршува со охрабрување за „Промена на парадигмата во кое човечкото достоинство и целокупниот човечки развој ќе дозволат на најбедните и маргинализираните да живеат во достојни човечки услови и да добијат коректна економска помош. “ (В.Н.)