Кардинал Турксон на денот на претприемачи во Дортмунд

Дортмунд, 3.6.2013 /к.мк/ – Откако економската криза го зафати светот порасна интересот на Црквата за економијата и претприемништвото – изјави кардинал Петер Турксон, претседател на Папскиот совет за правда и мир, говорејќи минатата недела во Дортмунд на преставувањето на Седмиот ден на претприемништвото.

Социјалната наука на Црквата сака да и помогне на претприемачите своите напори во секојдневните работни обврски да ги насочат кон постигнување на општо добро. Прирачникот на Папскиот совет за научителството на папите за етиката во работата на претпријатијата не е наменет само за претприемачите, туку и за оние кои ги подготвуваат идните стопанственици, студенти, како и наставниците во економските училишта – изјави кардинал Турксон.

Етичкото образование на идните стопанственици преставува голема цел – продолжи кардинал Туркосн. Црквата има позитивно мислење за претприемништвото. Претприемачот пред се е пронаоѓач, а претпријатието може, во контекст на пазарната економија, ако е добро управувано да биде и во служба за општо добро, да придонесе за материјален и духовен напредок на целото општество – заклучи кардинал Турксон, потсетувајќи на големиот придонес на католичките здруженија на претеприемачи во развојот на стопанството и трговијата. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<