Танзанија: Каритас не е невладина организација

Танзанија: Каритас не е невладина организација

Надбискупот на Дар-ес-Салаам и претседател на Каритас Танзанија Јудa Тадеус Руваичи на отворањето на неодамнешната Генерална средба на Каритас Танзанија се осврна на целта на Каритас.

„Каритас е дел од мисијата на Црквата, мисија на љубовта. Не е во ред Каритас да биде сфаќан како невладина oрганизација“, нагласи надбискупот Руваичи.

Истакна дека Каритас што значи љубов има свое значање во главната цел на Црквата, а тоа е „давање помош на оние во потреба, посебно сиромашните и давање одговор на прашањата предизвикани од разни катастрофи.“ Имајќи го тоа на ум, секој член би требало да придонесе во исполнувањето на мисијата во бискупиите, како и на национално ниво.

Надбискупот Рувачи напомена дека претворањето на Каритас во невладина организација е „влез во незадоволителен свет, кој е во спротивност со визијата и целите на Црквата.“ (…)

„Кога Ковид-19 се појави во нашите бискупии, какви одговори дадовме? Колку бевме вклучени? Колку бевме одговорни?“ – ги праша надбискупот Рувачи делегатите, нагласувајќи дека Каритас има единствена мисија на љубовта и сочувствувањето мора „да ги побара одговорите на времето“ кога ќе се појават трагедии.

Заменикот на главниот секретар на Епископската конференција на Танзанија о. Даниел Дуле исто така ја нагласи одговорноста на Каритас да воспостави одржлива стратегија за помош на сиромашните.

„Не бидете дел од културата на невладините организации кои треба да бидат среќни заради сиромаштвото на другите луѓе,“ ги предупреди делегатите, додавајќи дека Каритас би „требало да даде одржлива помош која на сиромашните ќе ги ослободи од сиромаштвото.“ (…)

Затворајќи го состанокот надбискупот Руваичи го повика Каритас Танзанија да планира и да развива стратегии кои се фокусирани на продуктивните ефекти“, пренесува католичкиот портал Недјеља.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот