Кардинал Сандри во Либан: Војните секогаш ги погодуваат најслабите

Кардинал Сандри во Либан: Војните секогаш ги погодуваат најслабите

Евхаристиското славење во светилиштето во Анаја го одбележа вториот дел од посетата на Либан на кардиналот Леонардо Сандри префект на Конгрегацијата за Источни Цркви.

Патот, надежта, светлината – се трите клучни зборови во проповедта која кардиналот Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни цркви ја одржа на светата Литургија служена во светилиштето во Анаја, во текот на посетата на Либан од 10 до 13 мај 2018 година.

Пат

Искуството на одењето е огледало – рече кардиналот – и повик чекорите кои од нас се бараат во нашиот живот да бидат пред сѐ чекори на преобраќање, затоа што во различни моменти од нашиот живот секогаш постои нешто што би можеле да го напуштиме, по некоја лоша реалност или грев на кој сме наврзани или пак треба да се оддалечиме од тромавоста, од мрзеливоста во барањето на доброто и во заштитата на вистината.

Надеж

Сето она што се случува околу нас, посебно на толку измачениот Блиски Исток, ја става во тешко искушение нашата способност за тоа да бидеме народ на надежта: војните, поделбите, стратегиите и сојузите заради кои секогаш најмногу плаќаат најслабите и сиромашните – истакна кардиналот. Но и во црковниот живот понекогаш можеме да доживееме тешки моменти или сведоштва спротивни на евангелските вредности – рече кардиналот и додаде: Господ доаѓа повторно да ја оживее во нас способноста реалноста да ја гледаме со нови очи.

Светлина

Патот кон светоста е цврстото засновање во големата надеж која ни ја нуди Исусовото воскресение не треба да ни изгледаат премногу големи или недостижни идеали – рече кардиналот Сандри – возможни се ако се доверуваме на Бог и неуморно му се молиме. Тогаш дури и во светилка полна со вода може да се запали пламен – истакна кардиналот – која ги осветлува местата на кои живееме и работиме.

Незаменливата улога на христијанските училишта

Префектот на Конгрегацијата за Источни Цркви на крајот упати апел за скапоцената реалност на христијанските училишта со почит на правата на оние кои работат во нив и со потребните средства која ги гарантира националната заедница можат да продолжат да ја извршуваат незаменливата улога во умереното воспитување како и во промовирањето на човекот. Благодарение на тоа Либан и понатаму е земја на пораката – истакна на крајот кардиналот Сандри.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот