Апел на Папата против ропската работа на децата

Апел на Папата против ропската работа на децата

По повод Светски ден против злоупотреба на детскиот труд, кој се одбележува во петок 12 јуни 2020 година, папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 10 јуни упати апел во кој ги повика институциите да вложат напори за заштита на малолетниците.

Во петок 12 јуни се слави Светски ден против злоупотреба на детскиот труд, феномен кој на момчињата и девојчињата им го одзема детството и го загрозува целосниот нивен развој. Во моменталната вонредна состојба во некои земји, децата и младите луѓе се принудени на несоодветна работа за нивната возраст за да им помогнат на нивните семејства кои се борат со екстремната сиромаштија. Неретко се работи за облици на ропство и заробеништво кои предизвикуваат последици со физичко и психичко страдање. Сите сме одговорни за тоа.

Апелирам институциите да ги вложат сите можни напори како би се заштитиле малолетниците, поправајќи ги економските и општествените недостатоци кои се во основата на изопачената динамика во која за жал тие се вклучени. Децата се иднината на човечкото семејство: задача на сите нас е да го помогнеме нивниот раст, здравје и ведрина – рече Папата во апелот за време на Генералната аудиенција.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот