Надзор на лебот и виното наменети за Евхаристијата

Надзор на лебот и виното наменети за Евхаристијата

Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина на 8 јули 2017 година објави окружно писмо „за лебот и виното за Евхаристијата“, кои по налог на папата Фрањо е испратено до сите епископи.

Документот поттикнува на внимание кон квалитетот на лебот и виното наменети за Евхаристијата, како и кон луѓето кои ги подготвуваат, при што дава практични упатства.

Имено, додека до сега монашките заедници се грижеа за подготовката на лебот и виното за евхаристиското славење – е истакнато во документот – денес тие се продаваат и во супермаркетите, трговските центри и по пат на интернет. За да нема двоумење околу валидноста на евхаристиските материи дикастеријата советуваат епископите во врска со тоа да дават упатства, на пример, евхаристиската материја да се потврди со соодветни серитификати.

Во документот пред сѐ се потсетува дека лебот кој се употребува за славење треба да биде бесквасен, направен исклучиво од пченица и неодамна подготвен, за да нема опасност од распаѓање. Тешка злоупотреба на лебот за Евхаристијата е да се дадава овошје, шеќер или мед. Се подразбира дека хостијата треба да ја подготват луѓе кои се истакнуваат во честитоста на христијанскиот живот, откно и да бидат со стручна подготовка, и треба да поседуваат соодветни алатки.

Виното треба да биде природно, направено од плодовите на лоза, чисто, нерасипано, и не помешано со други состојки. Треба да се внимава да биде чувано во совршена состојба и да не се претвори во оцет. Апсолутно е забрането да се користи вино чија трајност како и неговиот извор се сомнителни. Имено, Црквата бара сигурност на условите потребни за валидност на светите Тајни – е истакнато во документот.

Што се однесува пак до правилата кои се однесуваат на луѓето кои од разни и сериозни причини, не можат да земаат од вообичаено подготвениот леб или вино вриено на вообичаен начин, се истакнува дека хостиите кои се целосно без глутен не се валидна материја за Евхаристијата. Валидна материја за хостија се оние кои  се делумно без глутен и такви во нив да има доволно глутен за нивната подготовка без надоворешни додатоци, и да не применуваат постапките кои го изобличуваат лебот. Ширата, односно сокот од грозје, свеж или конзервиран на начин кога се прекинува вриењето со постапки кои не ја менуваат неговата природа (на пример со замрзнување) е валидна материја за евхаристија.

Овој документ го потпишаа префектот на Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина кардинал Роберт Сарах, и секретарот на дикастеријата надбискупот Артур Рош.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот