Кардинал Паролин ја промовораше книгата на папата Фрањо Божјото име е милосрдие“
На 18 март 2016 година, по свеченото литургиско славење, во катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје се одржа промоција на новата книга на папата Фрањо „Божјото име е Милосрдие“,прведена на македонски јазик. Книгата ја промовираше државниот секретар на Светиот Престол кардиналот Пиетро Паролин.
По музичкиот вовед и поздравот на модераторката Јадранка Чадиновска, присутните можеа да слушнат извадок од книгата кого го прочита Љерка Тот Наумова, кој ги воведе во тајната на Божјото Милосрдие, приближувајќи им ја едноставната, но и непосредна порака на новата книга.
Потоа, Скопскиот бискуп и Апостолскиот егзарх монс. Киро Стојанов од срце му заблагодари на кардиналот што прифати да ја промовира новата книга на Папата и го замоли да упати пригодно слово.
Кардиналот Паролин во својот говор рече дека не сака премногу да зборува за книгата затоа што сака да остави место на самиот Папа, тој да проговори на читателот преку книгата: „Со оваа книга Светиот Отец како да не зема за рака и малку по малку нѐ воведува во тајната на милосрдието.“
Потоа кардиналот спомна како секој кој што ќе се послужи со оваа книга ќе дознае многу нешта, на посебен начин ќе дознае многу нешта поврзани со Јубилејот на милосрдието кој е и повод за издавање на книгата. Читателот ќе дознае и причините за прогласување на Јубилејот на милосрдието.
На крајот кардиналот на посебен начин му се заблагодари на монс. Киро Стојанов за неговиот напор книгата во рекордно време да биде преведена, лекторирана и печатена што и самиот го сметаше за одличен успех. Тој изрази радост заради издавањето на книгата и им се заблагодари на сите кои што придонесоа кон издавањето на делото.
Катедралниот парох и декан дон Давор Топиќ им се заблагодари на преводителката Лилјана Узуновиќ, лекторката Катица Трајковска Абјаниќ и издавачката куќа Софија – Богданци за нивниот придонес.
На крајот од оваа промоција присутните можеа да ја купат новата книга на Папата по промотивна цена.
к.мк/Е.А.