Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин го отвори информативниот центар за јубилејната 2025 година на Via Conciliazione, улица која го поврзува Рим со Ватикан, а потоа одговараше на новинарски прашања за здравјето на папата Фрањо и мировната мисија на Ватикан.
Одговарајќи на прашања за здравјето на папата Фрањо, кардиналот истакна дека по операцијата Папата ќе продолжи со работа од болничкиот кревет и дека нема потреба од „предавање на управувањето“. „Претпоставувам дека по операцијата Светиот Отец ќе продолжи, дури и од болнички кревет и ќе донесува одлуки за сите итни работи. Доколку има работи што треба итно да се решаваат, ќе му бидат донесени во „Гемели“. „Ние го придружуваме со нашата љубов и со нашите молитви, со надеж дека ќе закрепне што е можно поскоро.
Коментирајќи ја мировната мисија на кардиналот Матео Зупи, кардинал Паролин објасни: „Мисијата на кардиналот Зупи беше да биде мисија на соработка и дополнителен придонес на Светиот Престол во процесот за мир“. Според Паролин, во Киев, каде Зупи беше во мировна мисија, „ништо ново не се случило во споредба со она што претседателот Зеленски му го кажал на Папата“ на приватна аудиенција на 13 мај, каде што побарал од Светиот Отец помош за враќање од Русија на депортираните украински деца. Позицијата на Украина остана иста како и досега, но „разговорите и слушањето на другите позиции и перспективи несомнено може да биде корисно за постигнување на мир“.
Државниот секретар додаде дека веднаш по враќањето на кардинал Зупи се сретна со него и разговара за понатамошните чекори, што не ја исклучува посетата на Москва: „Идејата на Папата се роди како мисија што треба да се изврши во двата главни града, перспективата за Москва мора да остане отворена, но конкретно ќе видиме“.
Кардинал Паролин го отвори Info Point Iubilaeum 2025, информативен и прифатен центар за сите ходочасници кои ќе учествуваат на следниот јубилеј. Со молитва и читање на евангелски пасус, кардиналот – придружуван од монсињор Рино Физикела, про-префект на Дикастеријата за евангелизација – ја благослови канцеларијата, која сега е во функција.
Ватикан њуз/к.мк