Кардинал Вељо: ООН и Европа треба да покажат поголема чувствителност кон драмата на ирачкото население

Драмата на ирачкото население кое бега пред насилството на џихадистите од т.н. „Исламска држава”, беше главната тема во разговорот меѓу папата Фрањо и кардиналот Антонио Марија Вељо, претседател на Папскиот Совет за мигранти и бегалци. Средбата беше од приватен карактер и се одржа во религиозниот дом Санта Марта во Ватикан. За Папата Црквата е повикана да биде на првата линија во заштитата на најслабите, бидејќи нивните права се загрозени, рече кардиналот по средбата. Црквата е за сиромашните и за оние чиј глас не се слуша, па затоа не треба да престануваме да зборуваме за тоа во проповедите, при средбите и евентуално во различните политички ситуации.

Јас ги нарекувам евакуирани и бегалци, бидејќи ако останат во нивните родни места ќе бидат убиени, објаснува во интервју за Радио Ватикан кардиналот Вељо. Затоа не можам да ги разберам оние кои велат да ги вратиме во нивните земји. Тоа е недостаток не само на хуманост, туку и на интелигенција, со жал го кажувам. Бидејќи тоа се случува не само во Ирак. Ирак е врвот на ледениот брег, бидејќи таму ситуацијата е страшна: убиства и варварство. Овие луѓе имаат потреба не само од молитви, што е важно, но не е доволно. Имаат потреба од помош. Како што рече Папата: Не можеме да си ги затвориме очите и да се правиме дека ништо не се случува, бидејќи ќе биде исто, како кога Хитлер ги убиваше Евреите, а потоа некои велеа дека не знаеле. Тоа е лицемерие! Треба да се направи нешто!.

Во оваа ситуација„меѓународната заедница неправидоволно-великардиналотВељо: ООН иЕвропа, којагеографскиемалку поблискудоовие земји, требада покажатмалку поголемачувствителност. Европанетребадагледаегоистичнонасопствените проблеми. Навистинатие се тешки, бидејќи економијатанеоди, а невработеностаеголема. Но тоасе релативно малипроблеминаспротисиромашниотирачкинарод којбега,заданебидезаклан. Се надевам деканекои земјиќе покажатчувствителности ќе гипримат восвоите земји-Германија, Франција, Велика Британија, Италија,Шпанија: сите се богативо споредба соовие кутрилуѓе! Се надевамдека ќе го сторат тоа поапелитенаЦрквата“.

Овој проблем не може да се реши само од една страна – додава претседателот на Папскиот Совет за мигранти и бегалци. Италија даде добар пример со проектите Mare Nostrum и Frontex plus. Се надевам дека и другите ќе бидат чувствителни на тој проблем“.

РВ/В.Н.

Категорија: Uncategorized, Ватикан

За авторот