Камп за млади во Паљурци
Од 18-20 септември 2015 година со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Католичката црква во Македонија во соработка со општина Богданци организира камп за млади во Паљурци.
На кампот кој ќе биде со богата духовна програма ќе учествуваат млади од повеќе места од Македонија, а тема водителка е „Година на семејството“.
Кампот ќе заврши во недела 20 септември со Молебен до Пресвета Богородица Утешителка со почеток во 14.00 часот. Покрај учесниците на кампот на молебенот се повикани да присуствуваат и верници од парохиите.
к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија