Како успеваш во сето тоа?

Како успеваш во сето тоа?

Луѓето го поставуваат оваа прашање на зафатени мајки цело време. Управувањето со времето е многу важно, но не недостижна цел. Сите сакаме да ја знаеме „тајната“. Благословена сум што познавам некои многу свети и ефикасни мајки. Дозволете ми да ви претставам неколку од нив, а потоа ќе разговараме за стратегиите.

Мојата мајка има тринаесет деца, но сѐ уште наоѓа време за да ни чита, да поминува време со нас и да работи на посебни проекти. Се сеќавам дека посетував часови за керамика со неа, часови за самоодбрана, поминување време додека сме печеле колачи, па и обичен муабет со кафе. Сепак, таа е позната по беспрекорно чистата и уредна куќа и наклонетоста за совршено испеглана облека. Мојата мајка и татко исто така наоѓаат време за поттикнување на другите родители, но и за да примат во својот дом невенчани трудни тинејџерки за некое кратко време.

Мојата мајка не е никаков менаџер за организација. Нејзиното име нема да го најдете во управниот одбор на било која агенција. Таа е тоа што јас го нарекувам „поплнувач на празнина.“ Стратегијата на мајка ми е како мотото на рекламата на Најк „Just do it” Само направи го тоа. Таа не се вознемирува многу за тоа како ќе ги исполни своите бројни обврски. Таа едноставно ги поставува приоритетите, прави список и „копа“.

Управување со времето, планирање и следење на дневниот ритам

Мојата пријателка Андреа е уште една ефикасна мајка. Таа е поранешен универзитетски професор која одлучила да остане дома во последните шеснаесет години. Таа и нејзиниот сопруг воспитуваат шест деца. Најстарото дете е член на крајбрежната стража на САД. Успева во својот распоред да втурне размислување за книга и работа на сајт со ресурси за други мајки.

Дали спомнав дека има и докторат од психологија, па напиша некои испитувања од образовно дијагностички стилови на учење и дека води мала академија во Њујорк? Андреа го распоредува својот ден според методата на света Тереза Авилска. Го проучила примерот на дисциплината на кармелиќанките и нивниот распоред. Тие имаат цврст и реален распоред. Тие содаваат време за молитва, но и за одмор. Просторот за оваа колумна не ми дозволува да го објаснам нивниот систем во целост, но доволно е да кажам дека планирањето и следењето на дневниот ритам како и ставањето на Бог на прво место е клучно.

Погледнете малку околу себе и сигурна сум дека ќе видите многу други примери што ги мотивираат мајките. Да не ве плашат, нека ви бидат инспирација! Повлечете ги настрана и прашајте за помош и совет било кога можете. Сигурна сум дека ќе им биде мило.

Стратегија

Сега разговараме за стратегијата. Ова е она што јас го научив:

  1. Опуштете се

Да бидеш под стрес не помага да оствариш ништо. Мирното однесување всушност ја подобрува ефикасноста.

  1. Започнете го својот ден со молитва

Прашај Го Бог за помош во одредувањето на приоритетите и спроведувањето на планот. Прашајте го однапред за Неговото водство и сила; Заблагодарете Му се за благословот на децата кои ви ги доверил и за сопругот кој ќе ви помогне за да дојдете во небо.

  1. Поставете цели, приоритети и решавајте ги работите една по една

Не се фокусирајте на нешто друго освен на задачата која моментално ја извршувате. Со други зборови, не се вознемирувајте заради нередот додека ги пишувате налозите за плаќање на сметките или додека ја читате приказната на вашето дете

  1. Користете список и прецртувајте ги задачите кои сте ги оствариле
  2. Секогаш ставајте ги луѓето пред работите и проектите, па дури и ако се работи за интересни работи и проекти;
  3. Бидете флексибилни и имајте доверба во Бог.

Сакам да држам мал нотес во својот џеб и така ми е пријатно да запишувам ако нешто важно ми падне на памет или ако мора да завршам во текот на денот. Важните задачи ги запишувам на својот главен список со цели кој го составувам секој месец и од кој ги тргнувам дневните цели.

Моите долгорочни цели се веројатно како и вашите:

Да одржувам секојдневна комуникација со Бог. Да ги почитувам светите Тајни (Да го негувам духовното здравје)

Негувајти ги односите со сопругот, со семејството и со пријателите (негувајте социјално и душевно здравје); Вежбајте (негувајте го физичкото здравје)

Имајте општо чиста и уредна куќа; секојдневно подготвувајте хранливи оброци; внимавајте на вистинско воспитание на своите деца; решавање и други замисли, потреби или интереси;

Управувањето со времето за мене е постојано прилагодување; Јас успеав, се прилагодив; јас истрајувам; учам од другите паметни мајки;

Уште неколку забелешки: многу ефикасни мајки речиси никогаш не гледаат телевизија, не затоа што телевизијата е толку лоша, туку затоа што постојат други добри и поучни работи што можат да се направат, дури иако се работи за обичен разговор. Исто така запаметете дека Бог нè не замислил како машини. Треба да направиме време и за опуштање и подмладување. Всушност, тоа е и целта на неделата!

Би сакала да завршам со инспиративен цитат. Ставете го на својот фрижидер и читајте го често: „Сѐ можам со Христос кој ме зајакнува.“ (Фил 4,13) Можам, можеш. И Тој сака. И тоа е најважно начело за управување со времето.

Жена Врсна/к.мк

Категорија: Вера, Семејство
Ознаки Време, мајка

За авторот