Втори февруари ден на Богoпосветените лица

Втори февруари ден на Богoпосветените лица

Папата Иван Павле II во 1997 година го одреди 2 февруари да се одбележува како ден на Бога посветените лица (на монасите и монахињите).

На тој ден свечено се благодари на Бог за големиот дар на посветениот живот и со сите верници, а на посебен начин со младите, се настојува да се приближи тој дар на интензивно наследување на Исус Христос и живот според Евангелието. Посветениот живот е доказ дека постои поинаков начин на живот и во однос кон другите, па така е вистинско евангелско светло за сите верници и луѓе.

Заради важноста на животот и делувањето на Бога посветените лица (монасите и монахињите) папата Фрањо 2015 година ја одреди за Година на посветениот живот.

Духовни позив/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот