Како од непријател да направите пријател

1. Секогаш барај го она најдоброто во луѓето

Пред караницата секогаш сети се дека пред тебе е некој како тебе: некој кој има мајка која се грижи и стравува за него, пријатели кои се радуваат кога ќе го сретнат, кој исто како и тебе на својата ќерка и чита приказни пред спиење, надевајќи се дека утрото ќе донесе подобар ден за светот и за неговото дете. Ако таа личност во караницата те напаѓа и навредува обиди се да согледаш дали таа личност можеби е не информирана и обиди се да ги пронајдеш добрите мотиви кои се кријат зад нејзината лутина. Ако ти каже дека си „хомофоб“ или нешто слично, обиди се да сфатиш дека таа личност можеби искрено е загрижена да не биде изложена на злоупотреба и омраза. Мора да знаеш дека поголемиот дел од лутината и омразата доаѓа од страв и несигурност. Личности кои викаат и навредуват тоа го прават затоа што во срцето се чувствуваат слаби, несигурни и загрозени, често и несвесно, се служат со агресија за да ја заштити својата чувствителност. Па, секогаш барај го тоа што е најдобро во другиот, бидејќи секој човек има грст добрини во срцето. Колку и да е таа добрина длабоко закопана и сокриена во тој човек, твое е да ја пронајдеш и да ја изнесеш на виделина.

2. Караницата да не ти служи како издувен вентил

Кога некој ја напаѓа твојата вера, природно е да се налутиш. Но мораш да ја совладаш лутината. Затоа немој никогаш да се прикажеш пред својот противник како глупак и немој да се обидуваш да го искористиш неговото незнаење и предрасуда за да се почувствуваш надмоќен. Обиди се да бидеш нежен/а и полн/а со почит. Бидејќи оној со кој се расправаш никогаш нема да ги запомне твоите аргументи, но можеби, па макар и несвесно да остане „погоден“ од почитта, разбирањето и љубовта кои си му ги искажал/а.

3. Никогаш не враќај со иста мера

Ако некој непотребно е безобразен или вулгарен, тоа да не ти биде оправдание за да му вратиш со еднаква мера. Сети се како Исус често зборува за свртување на другиот образ. Кога ја наследуваш Исусовата благост и љубов, можно е лесно твојот соговорник самиот да стане свесен на својата ирационална злоба и без потребното навредување. Бидејќи, кога емоциите и кај тебе и кај него се возбудени, мали нијанси од тие емоции, тешко ќе се забележат. Но спротивно од тоа – слично како во големите контрасти на боите кои што кога човек со намален вид лесно ги воочува – така благоста на твоите зборови, твоето не возвраќање со омраза во иста мера, ќе направи контраст во кој твојот соговорник, по погледот во огледалото, ќе го види отровот на омразата и непријателството кое го раздерува во внатрешноста на сопственото срце. Човечкото срце не ужива во омразата, но човекот од омразата не се откажува се додека не стане свесен и се додека во другиот не ја виде љубовта не го гледа неговиот разурнувачки ефект. Тоа на тебе, тој не мора во караницата да го покаже, би било тоа премногу за него да го признае, но подоцна во тишината во својата соба, ќе зачука почита и добротата, на кои бил изложен во разговорот со тебе.

4. Не дозволувајте да Ве зароби комплексот „маченик“

Заробен/а си во комплексот маченик кога претерано и хистерично ги нагласуваш своите идеи, својата вера и определувањето како прогонет. Прикажувајќи се како прогонета жртва и прикажувањето на својата неистомисленост како нацистите, сталинистите, комунистите, може да има краткотраен ефект и може да направи привидно да се чувствуваш подобро, сигурно и моќно. Но, таа лажна сигурност и надмоќ брзо избледува, а оние кои си ги навредил/ла со такви споредби ќе почнат да те навредуваат и омаловажуваат уште повеќе од претходно. И така се затвара кругот на злото од кој тешко ќе побегнеш. Бидејќи наместо благоста, разбирањето и барањето добро и човечност во неистомислениците и поттикнување на нивните добри импулси, ти си се концентрирал на она што не чини во нив и на тој начин тоа зло пламна и потпали, така да огнот ги зафати и оние стебла кои до тогаш беа поштедени.

5. Секогаш моли за оние со кои сакаш да разговараш

Пред да почнеш да се расправаш помоли се на Господ да ти ги даде вистинските и проникливи зборови, но и љубезен разум. Моли се и за твојот соговорник: срцето и мислите да му бидат отворени и по разговорот со тебе почувствува благост и почит каква што претходно не почувствувал додека дебатирал со други за слични теми. Затоа и Исус препорачува молитва за непријателите. Бидејќи молејќи за оној кого го доживуваме како непријател присилени сме во него да ја бараме добротата и човечноста која постои сокриена во сите луѓе. И така привремените непријатели стануваат во обични секојдневни луѓе, во познаници, а понекогаш и во пријатели.

И едно прашање.

Во што ти напредуваше дебатирајќи последните денови на фејсбук: Со истакнување на недостатоците кај другите? Лутина? Омраза? Комплекс на маченик? Или недостаток на молитва?

Јас напредував во истакнување на недостатоците.

Нека Господ на сите ни даде срце од месо, срце способно за промена и раст во љубовта едни кон други.

Petar Nodilo SJ – Bitno.net

Превод:И.Д.

 

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<