Како да го запознаеме Исус?

Како да го запознаеме Исус?

Треба да се молиме, да се поклонуваме и да се признаеме за грешници за да го запознаеме Исус – рече Светиот Отец на светата Литургија во капелата на домот Света Марта на 20 октомври 2016 година. Папата истакна дека катехизмот не е доволен за да се сфати длабочината на Христовото таинство.

„Да се добие Христос.“ Папата во проповедта го коментираше првото литургиско читање земено од Посланието на свети Павле до Ефесјаните. Апостолот на народите сака Светиот Дух да им даде милост на Ефесјаните да бидат силни, зајакнати, да направат Христос да се всели во нивните срца. Тука е центарот – рече Светиот Отец.

Не се запознава Исус само со помош на Катехизмот, треба да се моли

Павле се впушта во неизмерното море кое е Христовата личност – рече Папата прашувајќи: „Како можеме да го запознаеме Исуса? Како можеме да ја сфатиме Христовата љубов која го надминува секое спознание?“ Христос е присутен во Евангелието, читајќи го Евангелието го запознаваме Христос. Сите го читаме Евангелието или барем го слушаме кога одиме на света Литургија. Со проучувањето на катехизмот: катехизмот нѐ учи кој е Христос. Но, тоа не е доволно. За да можеме да ја сфатиме ширината, должината, висината и длабочината на Исус Христос треба да влеземе во контекст најпрво во молитвата како и свети Павле на колена: Оче испрати ми го Духот за да го запознаам Исуса Христа – истакна папата Фрањо.

Сретни се со Господ во тишината на поклонувањето

За вистинско запознавање на Христос повтори Папата потребна е молитва. Но, свети Павле не моли само, туку се поклонува во таинството кое го надминува секое спознание, а во контекст на поклонувањето го моли Господ за милост. Не се запознава Исус без навиката за поклонување; поклонување во тишина, треба да се поклонуваме. Верувам, ако не се лажам дека најмалку ја познаваме и ја практикуваме молитвата со поклонување. Треба да се губи време, се осудувам да кажам пред Господ, пред таинството на Исуса Христа, во тишина да се поклонуваме на Господ. Тој е Господ, Му се поклонувам – рече Светиот Отец.

Да се признаеме за грешници за да влеземе во Исусовото таинство

За да го запознаеме Христос мораме да се познаваме себе, треба да се обвинуваме пред Него, да се признаеме за грешници. Нема поклонување без признавање на сопствената грешност. За да влеземе во тоа море без дно, без брег кое е таинството на Исус Христос, потребна е во прв ред молитва: Оче испрати ми го Духот преку Него да Го запознаам Исус. Второ, потребно е поклонување на таинството, преку поклонувањето да проникнам во Него. Трето признавање на сопствените гревови: „Човек сум со нечисти усни.“ Нека Господ ни ја даде милоста која свети Павле ја бара за Ефесјаните, да го запознаеме и добиеме Христос – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот