Исусовата порака се шири со едноставно и вистинско сведочење
На евхаристиското славење кое го предводеше на плоштадот Свети Петар на 25 септември 2016 година, папата Фрањо во својата проповед кажа дека главното навестување на верата е дека Исус воскресна и дека Исус те сака и тоа се пренесува со едноставно и вистинско сведочење.
На евхаристиското славење кое го предводеше на плоштадот Свети Петар на 25 септември 2016 година, папата Фрањо во својата проповед го кажа следното (проповедта ја пренесуваме во целост):
* * * * *
Драги браќа и сестри
Апостол Павле во своето Второ Послание упатено до Тимотеј – но и до нас – препорачува одредени работи кои му се на срцето. Меѓу нив е и таа да ја запази заповедта чиста и беспрекорна (1Тим 6, 14). Едноставно говори за некои заповеди. Изгледа сака на тоа да ни го насочи погледот, на она што за верата е важно. Свети Павле не препорачува многу работи и аспекти, туку го потенцира она што е важно за верата.
Овој центар околу кој сè се свртува, ова срце кое чука и на сè дава живот е воскресното навестување; она првото навестување: Господ Исус воскресна! Господ Исус те љуби, за тебе го даде својот живот; воскреснат и жив и покрај тоа и секој ден ти помага. Не смееме тоа никогаш да го заборавиме. Во овој јубилеј на катехистите од нас се бара неуморно да го истакнуваме оваа примарно навестување на верата: Господ воскресна. Нема поважна содржина од тоа; ништо од тоа не е поцврсто ниту поактуелно. Секоја друга содржина на верата е убава ако е поврзана со ова централната; ако преку неа поминува пасхалното навестување. Ако се изолира ја губи и смислата и силата. Повикани сме секогаш на живеење и навестување и новост на Господовата љубов: Исус навистина те сака таков каков што си (каква што си). Дади му место: без разлика на разочарувањата и животните рани; овозможи му да те сака. Нема да те разочара.
Заповедта за која говори свети Павле ни дава да се присетиме и на Исусовата нова заповед: „Да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Ив 15, 12). Бог – Љубов се навестува љубејќи; не со силата на уверувањето, со наметнување на вистината, ниту со крутоста на некој монашки или морален пропис. Бог се навестува во средбата со луѓето, со вниманието кон нивната историја и одењето во животот. Господ не е некаква идеја, туку жива Личност: Неговата порака поминува во едноставно и вистинско сведочење; со прифаќање и слушање и радост која зрачи. Кога сме тажни за Исус не се „зборува“ добро; ниту Божјата убавина се пренесува со убави проповеди. Бог на надежта се навестува живеејќи го денешниот ден со Евангелието на милосрдието без страв да се навестува и со новите облици на навестување.
Евангелието од оваа недела ни помага да сфатиме што значи да се сака, посебно како да се избегнат некои ризици. Во параболата го имаме богатиот кој не се осврнува на Лазар, сиромавиот кој бил пред вратата на неговиот дом (Лк 16, 20). Овој богат всушност не прави зло никому; ништо не укажува на тоа дека тој е лош човек. Но, тој е многу поболен од Лазар, кој бил полн со рани: богатиот страда од страшно слепило затоа што не може да гледа надвор од својот свет кој се состои од банкети и префинета облека. Тој не може да види понатаму од вратата на својот дом пред која лежи Лазар затоа што она што се случува надвор него не го интересира. Тој не гледа со очите бидејќи не чувствува со срцето. Во него влегла световноста и ја анестезирала душата. Световноста е како „црна дупка“ која го голта она што е добро, со што се гаси љубовта затоа што сè голта во себе. Таквиот човек ја гледа само надворешната страна и повеќе не забележува други затоа што станал рамнодушен кон сите.
Оној кој страда од смртно слепило често прибегнува кон „кривогледство“: гледа да им се додвори на познати луѓе, оние од висок ранг на кои светот им се воодушевува, но го свртува погледот од многу Лазари на денешницата, од сиромашните, од оние кои страдаат кои се возљубени од Господ. Но, Господ гледа на оние кои се занемарени и отфрлени од светот. Лазар е единствениот кој е именуван во сите Исусови параболи. Неговото име значи Бог помага. Бог не го заборава; тој ќе го пречека на гозбата во своето царство заедно со Авраам, во заедништво со сите кои трпат. Богатиот човекот од другата страна нема име; неговиот живот паѓа во заборав затоа што кој живее за себе не создава историја. Денешната тврдост предизвикува копање бездна која никогаш не може да се премине.
Овде во параболата е уште еден детал, контраст. Раскошниот живот на овој безимен човек е опишан како несериозен: сето она до што држи се потреби и права. Дури и кога е мртов инсистира да му се помогне и го бара она што на него му е од корист. Меѓутоа сиромаштвото на Лазар се истакнува со големо достоинство: од неговата уста нема поплаки или протести или навредливи зборови. Таа е вредна поука: како вршители на Исусовите зборови не сме повикани на паради и настапи ниту на барање на слава; ниту можеме да бидеме тажни или полни со приговори. Не сме пророци на темнината кои уживаат во вонземски опасности или застранувања; ние сме луѓе кои се вгнездиле во својата средина и се предаваат на горчливото осудување на нашето општество, Црквата, сè и сите и го загадуваат светот со својата негативност. Жаловниот скептицизам не одговара на оној кој живее во близината на Божјото Слово.
Кој навестува надеж во Исус носи радост и гледа далеку затоа што знае да гледа надвор од злото и своите проблеми. Во исто време јасно гледа и на блиску, затоа што е чувствителен за своите ближни и за нивните потреби. Денес Господ тоа од нас го бара: пред сите „Лазари“ кои ги гледаме повикани сме да бидеме вознемирени за да пронајдеме начини да помогнеме без постојано испраќање на другите или со зборовите: „Утре ќе ти помогнам.“ Тоа е грев. Времето вложено во давањето помош е време дарувано на Исус; тоа е љубов која останува: тоа е нашето богатство на небото кое можеме да го заработиме овде на земјата. Браќа и сестри нека Господ во Верувањето ни подари милост во нас секојдневно да се обновува радоста на првото навестување: Исус лично те сака! Нека ни даде сила за живот да ја навестуваме заповедта на љубовта, надминувањето на слепилото за појавување и световната тага. Нека не направи чувствителни за сиромашните кои во Евангелието не се некоја примес, туку важна секогаш отворена страницапред нас.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк