Историска средба меѓу Папата и Московскиот патријарх во Куба
На 12 февруари, папата Фрањо ќе се сретне со патријархот на Москва и цела Русија, Кирил. Веста за историската средба е објавена од страна на директорот на Ватиканскиот прес центар, отец Федерико Ломбарди, на прес-конференција, која беше свикана специјално свикана за овој настан.
„Средбата ќе се одржи на меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Куба, каде Светиот Отец ќе слета на пат кон Мексико, а каде што Московскиот патријарх ќе биде во официјална посета“, стои во заедничкото соопштение на Светиот Престол и Московскиот Патријархат. За време на средбата двајцата духовни водачи ќе имаат приватен разговор кој ќе заврши со потпишување на заедничка декларација.
„Оваа средба на примасите на Католичката црква и Руската православна црква, подготвувана долго време, ќе биде прва во историјата и ќе одбележи една важна фаза во односите меѓу двете Цркви. Светиот Престол и Московскиот Патријархат посакуваат таа да биде и знак на надеж за сите луѓе со добра волја и ги повикуваат сите христијани да се молат Бог да ја благослови оваа средба, за да донесе обилни плодови“, се вели во заедничкото соопштение.
РВ/В.Н.