Инаугурирана новата катедра „Gaudium et Spes“

Инаугурирана новата катедра „Gaudium et Spes“

На 25 јануари 2018 година Папскиот теолошки институт Иван Павле II за наука за бракот и семејството во Рим ја инаугурираше катедрата „Gaudium et Spes“ за проучување на односите помеѓу христијанските и секуларните мисли.

По тој повод папата Фрањо на големиот канцелар на институтот надбискупот Винченцо Пагли, му упати писмо во кое се истакнува дека новата катедра добро се вклопува во хоризонтот својствен за академското послание насочено кон бракот и семејството. Задачата на размислување и формација која е поврзана со таа нова катедра – додаде Светиот Отец – претставува постигнување и ветување за вашиот институт и ќе може да даде придонес за целата Црква и граѓанското општество.

Добро знаеме – нагласува Папата – дека темелните реалности на човечкото постоење, бракот и семејството, црковните оци ги поставиле на прво место меѓу посебно итните современи проблеми. Можеме да кажеме – продолжува папата Фрањо – дека во „Gaudium et spes“ Црквата е во состојба да го сочува длабокото обновено сфаќање на Евангелието за семејството, кое преку различни етапи, нè доведува до интензивен синодален период кој резултираше со апостолскиот поттик „Amoris laetitia“.

Оваа катедра – објаснува папата Фрањо – ќе може да придонесе вашиот институт да биде на чело на новите пасторални предизвици. Исклучителната антрополошка и општествена важност која денес го зазема сојузот на мажот и жената, за да се отвори новиот хоризонт на човековиот соживот во целина, го воздигнува неговиот изворен повик да биде толкувач на Божјиот благослов за целото создание.

Посебно е важно денес – продолжи Папата – да се создадат места за средба и дијалог во кој ќе се доживее колку црковната заедница е во состојба да ги овоплоти зборовите со кои Вториот ватикански собор сакал да го изрази својот поглед на луѓето од денешната доба: „Радоста и надежта, жалоста и вознемиреноста на луѓето од нашето време, посебно на сиромашните и сите кои страдаат се радоста и надежта, жалоста и вознемиреноста исто така на Христовите ученици, и нема ништо навистина човечко, што наидело на одек во нивните срца“ (GS 1) – порача на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот