Средба на епископот Стојанов со с. Јоана Тончева, генерална настојателка на Сестрите Евхаристинки

Средба на епископот Стојанов со с. Јоана Тончева, генерална настојателка на Сестрите Евхаристинки

На 6 јуни 2022 година во бискупската резиденција на Водно Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, ја прими сестра Јоана Тончева, генерална настојателка на сестрите Евхаристински во придружба на сестра Бернардина Сирачева, провинцијална настојателка на Провивинцијата Божјото Провидение.

Средбата помина во срдечна атмосфера на која беа разменети мислења за дејствувањето на Сестрите Евхаристинки и нивната неизмерна мисија во Македонија, а воедно се зборуваше и за текот на процесот за беатификација на основателот на Сестрите Евхаристинки о. Јосиф Алоати. Неизбежно беше прашањето и за духовните звања како и за посетата на Светиот Отец папа Фрањо од пред три години кога ја посети Бугарија и Македонија, како и за пандемијата Ковид – 19, која оневозможи да има повеќе меѓусебни средби.

На крајот Генералната Настојателка, с. Јоана, на Епископот му подари лик од основателот на Сестрите Евхаристинки о. Јосиф Алоати исклесан на камен, додека монс. Стојанов ѝ ја подари од неодамна излезената книга на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“.

Сестра Јоана Тончева, генерална настојателка на Сестрите Евхаристинки овие денови се наоѓа на канонска визитација на Сестрите Евхаристинки во Македонија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот