Здружение на многудетни семејства од Мадрид, започна рекламна кампања во Шпанија за да ја истакне пораката „Спаси ја планетата, имај повеќе деца“. Целта на кампањата е „да ја свртите главата од песимизмот што преовладува и да поканите што е можно повеќе луѓе да ја доживеат радоста што доаѓа со многудетните семејства“.
На билбордите и во јавноста низ Мадрид, кампањата директно ги предизвикува луѓето да размислуваат за тоа дека светот без загадување е безвреден ако нема луѓе кои ќе уживаат во него.
Од здружението порачуваат дека целта на кампањата е да ги предизвика минувачите да се запрашаат кои се причините што би можеле да ги наведат да ја затворат можноста за проширување на нивните семејства, се наведува во соопштението.
Кампањата има за цел да ги поттикне луѓето да размислуваат за некои заеднички ставови како што се: „Деца? Веќе имам куче“, „Едно е доволно“ и „Две, но ниту едно повеќе“.
Рекламата содржи и QR-код кој ги повикува читателите да го погледнат и споделат видеото кое ги изложува програмите на меѓународните институции кои вршат притисок врз владите да спроведат неомалтузијански политики за намалување на населението (Со други зборови, неомалтузијанизам, според дефиниција е светоглед кој ја прифаќа и ја следи теоријата на Томас Малтус според која се држи до тоа дека растот на населението следи геометриска прогресија, а растот на економијата аритметичка и дека затоа растот на новороденчињата мора да се контролира и ограничи).
Резултатот од таквата агенда е сè помала поддршка за многудетните семејства. Нараторот на видеото од оваа кампања вели: „Ни велат дека треба да го намалиме населението… и затоа поддржуваат абортуси, идеологии или укинување на помошта за многудетните семејства“.
Дополнително, видеото се осврнува и на проблемите како манипулацијата со јазикот, како што се: „грижа за репродуктивното здравје“ или „заканата која претставува растечката депопулација во руралните средини“ истакнувајќи го примерот: „Дали знаете каде остана просторот? Во парковите кои се празни или во училишта кои се повеќе ги затвораат своите училници“.
Видеото завршува со посочување: „Велат дека пресметале колку загадува секое дете… и заборавија дека светот без загадување не вреди ако нема луѓе да уживаат во него“.
Рекламата на Здружението за големи семејства е слична на онаа што се одржа на Тајмс Сквер во Њујорк во јануари од страна на EveryLife, водечката life-pro компанија за пелени во САД, која содржеше објава од сопственикот на платформата X, Илон Маск, а гласеше: „Раѓањето деца го спасува светот.
CNA/к.мк