Енцикликата Humanаe vitaе ја осмислија и бранеја двајца светци

Енцикликата Humanаe vitaе ја осмислија и бранеја двајца светци

На 25 јули 1968 година папата Павле VI го објави еден од најмакотрпните документи во својот понтификат. Во општото распложение на општествен бунт среде „сексуалната револуција“, енцикликата Humanae Vitae имаше влијание на културната клима како бомба.

И внатре во Црквата некои епископи се поделија во мислењето за аргументите кои папата Монтини ги изнесе како поддршка на учителството кое допираше некои од најинтимните проблеми во животот на брачниот пар и семејството, од размножувањето – за кое бара Црквата да биде „одговорна“ – до регулација на раѓањето, контрацепцијата, и општото гледање на брачната љубов која – како што пишува Павле VI – ја покажува својата вистинска природа и благородност кога се зема во предвид во нејзиниот најголем извор, Бог Кој е Љубов.

Улогата на Карол Војтила во енцикликата

Меѓу првите кои со одлучен став ја штитеа содржината на енцикликата беше новоименуваниот краковски кардинал Карол Војтила. Новата студија на младиот полски теолог, Павел Станислав Галузски ја открива малку познатата позадина на тие моменти, во книгата насловена „Карол Војтила и Humane vitae. Придонесот на краковскиот надбискуп и групата полски теолози за енцикликата на Павле VI,“ која на 7 март е промовирана во институтот за студии на бракот и семејството „Иван Павле II, во присуство на кардиналот Герхард Милер.

Пронајдено писмо

Тој што го познава знае колку внимание и чувства младиот краковски кардинал вложува во познавањето на брачната етика со христијански став. Серијата за „теологијата на телото“ која подоцна ќе стане едно од главните точки на учителството на Иван Павле II, произлегува од тој период. И токму од тоа се раѓа долгото писмо кое го испраќа на Павле VI во 1969 година, како поддршка на науката на енцикликата, а кое авторот на спомнатата книга го пронаоѓа во црковните архиви во Краков.

„Пророчки“ документ

Кардиналот Милер пак освен што потсети дека не е можно да се сфати сексуалниот живот одвоено од достоинството на човекот и од фактот дека децата се Божји дар, а не производ на доброволната желба на родителите, ја истакна исто така посебната врска која енцикликата Humanae vitae ја воспоставува помеѓу Павле VI и идниот Иван Павле II, бидејќи – како што рече – „пророчката вредност на документот треба да се распознае и во светоста на неговиот автор и на неговиот бранител бискуп и Папа.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот