Единството на христијаните е дело на Светиот Дух
Папата Фрањо на 3 јули попладне на плоштадот Свети Петар се сретна со повеќе од 30.000 членови на заедницата Обнова во Светиот Дух.
Папата Фрањо на 3 јули попладне на плоштадот Свети Петар се сретна со повеќе од 30.000 членови на заедницата Обнова во Светиот Дух. Темата на средбата беше „Патишта на единство и мир. Гласови во молитвата за денешните мачениците и за духовниот екуменизам,“ а целта беше молитва за бројните христијани од различни вероисповеди кои денес сè уште се прогонувани. Програмата опфаќаше сведоштва и песни, а меѓу бројните уметници учествуваше Андреа Бочели и израелската пејачка Ноа. Присутни беа кардиналите Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни Цркви, Курт Кох претседател на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните и Анџело Бањаско преседател на Италјанската епископска конференција заедно со православните и католичките источни патријарси, англикански и лутеранските епископи и пентоксталните пастори. „Единствен незаменлив во Црквата е Светиот Дух и единствен Господ е Исус“. Поделбите меѓу христијаните се „противсведоштво“, рече Папата во своето обраќање. „Единството на христијаните е дело на Светиот Дух и мораме заедно да молиме, истакна Папата и повика на духовен екуменизам, екуменизам на молитва. Од друга страна – продолжи – денешната реалност и нашите маченици нè обединуваат во „екуменизмот на крвта“, потсетувајќи дека пред неколку месеци 23 египетски копти се заклани на плажа во Либија: „Ако непријателите нè обединуваат во смртта, кои сме ние да се делиме во животот? Да му дозволиме Духот да влезе, да молиме да одиме напред заедно.“
РВ/Д.И.